Претреси во Скопје поради приредување на игри на среќа без лиценца

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје во соработка со Управата за јавни приходи, а по насоки на ОЈО Скопје и добиени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во текот на вчерашниот ден (08.08.2022) извршија претреси на две локации во Скопје кај еден правен субјект и едно физичко лице поради основано сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“ по чл. 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.

Претреси во Скопје поради приредување на игри на среќа без лиценца

При претресот во правниот субјект биле затекнати 17 лица кои работеле како оператори за комуникација со играчи на кои им се приредува спортско и друг вид на обложување и други видови на игри на среќа. При тоа, одземени се компјутери и компјутерска опрема, како и документација поврзана со нелегалното работење на правниот субјект. При претресите исто така се пронајдени и одземени 103.545 евра, 400 долари и 100 фунти, лични документи, празна рамка од пиштол, мобилни телефони и компјутерска опрема користена за вршење на кривичното дело. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.