Претрес во гевгелиско, пронајдени пушка и муниција, приведени две лица

Двајца гевгеличани биле приведени откако при претрес во викенд куќи во гевгелиското село Ума, била пронајдена ловечка пушка и муниција. 

МВР информира дека вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, Регионалниот центар за гранични работи Југ и СВР Струмица – ОВР Гевгелија, во рамки на заедничка и координирана акција за спречување на прекуграничен криминал и со наредба од гевгелискиот Основен суд, извршиле претрес во викенд куќи и други простории во село Ума, гевгелиско, сопственост на гевгеличаните М.П.(67) и Б.П.(60).

-При претресот, во викенд куќата на Б.П. била пронајдена и одземена една ловечка пушка калибар 12 мм и седум патрони за неа. Двајцата биле повикани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава, известуваат од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.