Француската полиција извршила во средата претрес на парискиот стан на извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, во рамките на истрагата за спорната исплата на 285 милиони евра на бизнисмен и приврзаник на поранешниот француски претседател Николас Саркози, во 2008 година.Кристин Лагард, којашто во споменатиот период беше министерка за финансии во владата на претседателот Франсоа Оланд, упорно тврди дека не сторила ништо спротивно на законот кога ја стопирала правната постапка против познатиот француски мултимилионер Бернар Тапи и наместо тоа побарала арбитража.Француските истражители ја сомничат шефицата на ММФ за проневера на јавни пари, откако не ги послушала советниците кои биле против контроверзното исплаќање на 285-те милиони евра на Тапи.„Овој претрес ќе помогне да се откријат вистините и ќе придонесе за ослободување на мојата клиентка од какво и да е сомневање“, изјави адвокатот на Лагард, Ив Репике, пренесува Reuters.Претресот на станот на Лагард се случува не цели 12 часа откако оставка поднесе францускиот министер за буџет Жером Кајузак во владата на социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд, кој е осомничен дека заради избегнување даноци имал тајни сметки во швајцарската банка UBS, кои подоцна ги префрлил во Сингапур, забележуваат француските медиуми.Претседателот Оланд, кој во мај минатата година победи на претседателските избори против конзервативниот дотогашен претседател Николас Саркози, дојде на власт ветувајќи дека ќе расчисти со врските меѓу политичарите и деловните луѓе, коишто, како што рече своевремено, биле чести во времето на Саркози.Лагард, инаку, за време на претресот на нејзиниот стан во Париз, престојувала во германската метропола Франкфурт, портпаролот на Меѓународниот монетарен фонд.
Макфакс Француската полиција извршила во средата претрес на парискиот стан на извршната директорка на Меѓународнио