Во Гувернерова палата во хрватскиот град Риека синоќа се одржа 20. Хуманитарен карневалски бал.
Годинава средствата се наменети за Клиниката за детска хирургија на Клиничкиот болнички центар во Риека. Собраните пари ќе бидат потрошени за набавка на медицинска опрема.
На карневалот беше и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, како и градоначалникот на Риека, Војко Оберснел и амбасадори во Хрватска, од многу земји.
Претседателката дојде видно расположена, јави Нови лист. Говорот го одржа на хрватски и англиски јазик и ги покани присутните добро да се забавуваат.