Претседателката Сиљановска Давкова прими делегација од „Рамбл“, „Кантор Фицџералд“ и Трамп корпорација за медиуми и технологијa

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација предводена од Крис Павловски, основач и извршен директор на меѓународната компанија „Рамбл”, од Хауард Лутник, основач и извршен директор на американската финансиска корпорација „Кантор Фицџералд” и од Девин Нунес, поранешен конгресмен на Калифорнија и извршен директор на Трамп корпорација за медиуми и технологија.

На средбата, претседателката беше информирана за потенцијалните можности за соработка со македонските институции, во контекст на претстојниот процес на дигитална трансформација на македонското општество и спроведување на дигиталните реформи.

Во таа насока, таа ги поздрави иницијативите за економска соработка и размена на експертско и корпоративно искуство со овие успешни компании и изрази благодарност за поддршката од македонската дијаспора за отворање нови можности и привлекување на странски инвестиции во земјава.

Претседателката Сиљановска Давкова порача дека дигитализацијата е неопходна за брз економски раст и напредок и има позитивен ефект не само во функционирањето на државата, туку за сите општествени и развојни процеси, вклучително и во процесот на македонските евроинтеграции, како клучна област.

На средбата беше истакнато дека реформите во дигиталниот сектор треба да бидат во функција на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и сервис прилагоден на нивните реални потреби.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.