Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден ќе забрани нова експлоатација на нафта и гас од морето долж повеќето американски брегови, објави вчера Белата куќа.Во соопштението се наведува дека врз основа на таа забрана ќе бидат заштитени сите американски сојузни води долж источниот и западниот брег на САД, како и долж источниот дел на Мексиканскиот залив и делови од северното Берингово Море на Алјаска.Забраната ќе опфати 253 милиони хектари океан, се наведува во соопштението.Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вети дека ќе го зголеми домашното производство на енергија, но тешко дека ќе може да ја укине забраната на Бајден, пренесува Ројтерс.Бајден рече дека овој потег е исто така усогласен со агендата за климатски промени, како и со целта за зачувување на 30 отсто од копното и водата во Америка до 2030 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: