Претседателот Иванов на свечен прием кај претседателот Макрон

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов заедно со сопругата синоќа присуствуваше на свечената вечера, што за учесниците на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, ја приреди претседателот на Француската Република, г. Емануел Макрон.
На покана на францускиот претседател Макрон претседателот Иванов, денес ќе присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, која ќе се одржи пред Триумфалната капија во Париз.
На церемонијата е најавено присуство на повеќе од 80 шефови на држави, влади и меѓународни организации, меѓу кои американскиот претседател, Доналд Трамп, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рускиот претседател, Владимир Путин, претседателите на Србија, Албанија, Косово и Бугарија, Александар Вучиќ, Илир Мета, Хашим Тачи и Румен Радев, грчкиот премиер, Алексис Ципрас и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.