Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денес престојува во работна посета на Република Турција, каде ќе учествува на 9. Самит Босфор, кој се одржува во Истанбул. Иванов ќе се обрати на отворањето на самитот, чија главна тема годинава е „Одржување на мирот и развојот за сите“.
Во рамките на работната посета на Република Турција, претседателот Иванов ќе го посети градот Бурса, каде е предвидено да одржи предавање на Универзитетот „Улудаг“.