Претседателот Иванов ќе присуствува на отворањето на најголемиот аеродром на светот

Денес во Истанбул во присуство на повеќе од 50 високи функционери од целиот свет, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, турскиот претседател Ердоган  ќе го отвори најголемниот аеродром на светот. Како што јави агенцијата “Анадолија“, новиот аеродром чија прва фаза се отвора  денес, ќе има голем број карактеристики по кои ќе биде препознатлив во светот, меѓу кои и неговата големина, инфраструктурата, безбедносните системи и дизајнот.
Првиот лет е закажан за 31 октомври кон Анкара со авион од типот „Боинг 777“ на турската авиокомпанија “Туркиш ерлајнс“. По целосното завршувањето аеродромот ќе содржи шест одвоени писти, ќе има капацитет за 500 авиони, паркинг од отворен и затворен тип со капацитет од 70.000 возила и годишно ќе опслужува околу 200 милиони патници. Се очекува на аеродромот дневно да слетуваат и полетуваат 2.000 авиони, кон повеќе од 350 дестинации, а своите услуги ќе ги нудат 250 авиокомпании.
Аеродромот е изграден на вкупна површина од 76,5 милиони квадратни метри, а другите фази би требало да бидат завршени до 2023. година.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.