Претседателот и премиерот со иста порака до шампионите-Ве чекаме во Скопје!

Претседателот, Стево Пендаровски го следеше натпреварот “Вардар“-“Веспрем“ во едно од скопските кафулиња заедно со својот син и поранешниот ракометар на “Вардар“ Наумче Мојсовски, објави “Плусинфо“.
“Вечер за славење, RK Vardar е европски шампион!
Честитки шампиони, земјата е горда на вас!
Ве чекаме во Скопје заедно да прославиме!“, напиша претседателот Пендаровски откако “Вардар“ по втор пат се враќа дома со пехарот.
И премиерот Зоран Заев ја честиташе победата на “Вардар“ преку својот профил на Фејсбук.
“Уште еден македонски блесок во Европа! Алал да ти е Вардаре, победуваш и обединуваш, радост си најголема за нашиот народ. Ве чекаме во Скопје!“, напиша премиерот Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.