Во рамки на Солунскиот саем на книгата, кој почнува денеска и ќе се трае до недела, ќе се одржи панел-дискусија на тема „Меѓународниот пазар на книги: балканските земји“.
На покана на Грчката фондација за култура, учество на панелот ќе земе и претседателот на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), Бојан Саздов.
Координатор на дискусијата ќе биде Јанис Краниас, потпретседател на Грчката федерација на издавачи и книжари, а во неа ќе учествуваат и претставници на издавачките сектори од Албанија, Романија и Бугарија.
Поканата за учество на оваа панел-дискусија е значаен настан, кој и нашите колеги-издавачи од Грција и ние го гледаме како здрав чекор кон идна плодна соработка. Културата и книжевноста не знаат за граници и верувам дека со нашето претставување ќе придонесеме за афирмација на нашето издаваштво и книжевност во балкански рамки, вели Бојан Саздов претседателот на МАИ.
Панел-дискусијата ќе се одржи денеска, како дел од Меѓународната професионална програма на Саемот на книгата во Солун.
The post Претседателот на Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата во Солун appeared first on 365.com.mk.
Пронајдете не на следниве мрежи: