Претседателот на Судскиот совет, Зоран Kараџоски, утрово е повикан да даде исказ во Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција. Засега од Обвинителството нема информаци зошто Караџовски е повикан да даде исказ.
Некои медиуми објавија дека се работи за додатоците на плати на членовите на Судскиот совет. Имено, во декември 2018 година членовите на Судскиот совет донесоа одлука да си ги зголемат нивните плати и платите на судиите за 35 насто.