Претседателот Пендаровски во официјална посета на Словенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во Република Словенија. За време на официјалната посета, тој ќе се сретне со својот словенечки колега Борут Пахор. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.
Утре претседателот Пендаровски ќе има средби со претседателот на Државното собрание на Република Словенија, Дејан Жидан и со словенечкиот премиер Марјан Шарец.
Во Љубљана, Пендаровски ќе одржи предавање на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) на тема „Иднината на Северна Македонија – Како да се забрза интеграцијата во ЕУ“.
Во рамки на посетата, шефот на државата ќе одржи средба со европратеничката Тања Фајон, ќе се сретне со словенечки стопанственици, како и со претставници на македонски културни друштва во Словенија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.