Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Пепо Леви, новиот претседател на Еврејската заедница.
На средбата, претседателот Пендаровски упати честитки за назначувањето на Пепо Леви за претседател на Еврејската заедница и притоа ја истакна својата заложба за соработка со Еврејската заедница, како и со другите верски заедници во Република Северна Македонија, во интерес на меѓусебното разбирање и почитувањето на различноста како една од темелните вредности во нашето општество.
Претседателот Пендаровски, нагласувајќи ја улогата на водачите на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитет и напредок, изрази очекување дека новиот претседател и сите припадници на Еврејската заедница, како и досега, така и во иднина ќе продолжат да даваат значаен придонес кон нашата заедничка иднина.
На средбата стана збор и за тековните активности на Еврејската заедница, како и за нивните идни планови и ангажмани.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.