Претседателски избори на 8 февруари ќе распише претседателот на Собранието

Талат Џафери, претседател на Собранието денес излезе со соопштение дека претседателските избори ќе ги распише на 8 февруари. Првиот круг од изборите ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај. Претходно договорениот датум за првиот круг од изборите, 14 април, а вториот на 28 април е променет, бидејќи со совпаѓа со Велигден.
-Се следат роковите и истиот ден кога ќе биде изборот на претседател, ќе се гласа и за избор на градоначалници во овие општини, изјави Џафери.
Претседателите на СДСМ и ДУИ до крајот на месецов треба да ги започнат разговорите за заеднички претседателски кандидат. Од ДУИ велат дека се убедени дека со СДСМ ќе се договорат за прифатлив кандидат за двете партии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.