Психолошката драма која без здив ги остава гледачите, ќе биде изведена на сцената на Театарскиот фестивал “5РЕ”. Оваа претстава, реализирана од Народно Позориште Ниш под режисурата на Игор Павловиќ, ќе почне вечерва во 20:00 часот. Претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ е моќна мешавина од интензивни емоции, непоколебливи вистини и извонредни актерски перформанси. Станува збор за вистинско уметничко дело кое ќе ги вовлече гледачите во сложеноста на човечките односи и психолошките стратегиски игри. Настанот ќе се одржи во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес. Работното време на билетарата е секој работен ден од 10 до 14 часот и од 18 до 20 часот.
The post Претстава на Театарскиот фестивал “5РЕ”: „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ appeared first on 365.mk.