Претставен македонскиот проект „Мевлем“ во Загреб

Министерството за култура и туризам
Во просториите на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, синоќа беше презентиран проектот „Мевлем“, кој претставува уникатен склоп од музика и поезија. Овој проект на композиторот и поет Марко Виденовиќ е посветен на жртвите од Кочани. Инструменталниот ансамбл, составен од Памела Велкова на виолина, Верица Ајтовска на виола, Енис Аљи на виолончело и самиот Марко Виденовиќ на пијано и како гласач, воведе загрепската публика во еден поинаков уметнички свет преку нивната изведба на оригинални музички дела и рецитирана поезија.
Пред почетокот на концертот, директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска, истакна дека проектот „Мевлем“ ја истакнува уникатноста на камерната музика преку својата изведба и тематика. Таа ја нагласи важноста на овој проект како културен феномен кој спојува музика и поезија, и кој претставува значаен чекор кон зајакнувањето на креативниот израз на македонските уметници на меѓународно ниво.
Голем број на посетители од хрватската културна сцена, претставници на дипломатскиот кор, членови на Советот за македонското национално малцинство во Град Загреб, како и претставници од многубројни локални и државни институции од Хрватска и Македонија, беа дел од оваа несекојдневна музичко-поетска вечер, која ја завршија со силен аплауз.
The post Претставен македонскиот проект „Мевлем“ во Загреб appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: