Скопски поетски фестивал
Утре, со старт во 20 часот, во книжарницата „Буква“ ќе се одржи настан на кој ќе учествуваат единаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години. Овие талентирани млади творци се избрани да читаат на „Отскочна даска #4“, што претставува загревањe за претстојниот петти „Скопски поетски фестивал“. На јавниот конкурс стигнаа 28 пријави, а жирито од феставалот ги селектираше највпечатливите. Раководството на фестивалот изрази задоволство од интересот и квалитетот кои ги покажаа учесниците преку своите поетски творби, како и од талентот на младите поети.
The post Претставување на млади поети на „Отскочна даска #4“ пред Скопскиот поетски фестивал appeared first on 365.mk.