Претставување на поетската збирка „Осуден во отсуство“ од Сашо Гигов Гиш

Фејсбук профил на „Спона“
Во рамките на Младинскиот Културен Центар во Скопје, вечерва во 20:30 часот, ќе биде презентирана новата стихозбирка на Сашо Гигов-Гиш со наслов „Indicta Causa / Осуден во Отсуство“, издадена од Сцеро Принт, Ниш. Издавачката куќа досега има објавено и дела како што се збирката „Септемвриска зора“ од Милутин Станчиќ во едицијата наречена „Вардарски цветови“ и книгата на Теодора Цветковиќ „(О)сећања“. За стихозбирката, освен авторот, ќе говорат и професорот Горан Максимовиќ, како и лекторот Ѓоко Здравески. Во музичкиот дел на програмата, ќе настапи Драган Стојковски на тамбура.
The post Претставување на поетската збирка „Осуден во отсуство“ од Сашо Гигов Гиш appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: