Пречекан два милионитиот патник на Скопскиот аеродром

Ивана Николоска од Прилеп, која живее во Мелбурн, е два милионитиот патник на Скопскиот аеродром. Таа пристигна од Доха со летот на „Катар Ервејс“.
Во кусата изјава за медиумите Николоска рече дека во Македонија доаѓа за претстојните празници и дека е изненадена, но и среќна што токму таа е два милионитиот патник.
-Ова е навистина големо изненадување. Многу ми е мило што јас сум избраниот патник. Се надевам дека ќе се множат уште многу во иднина, рече Николоска.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.