Приватните превозници во Скопско ќе работат по редовен возен ред од утре. ЈСП вчера им исплати по 6 милиони денари на секоја од трите компании, потврди сопственикот на „Јофи Бас“, Јовица Зафировски.„Денес во 16:00 часот добивме информација дека ни се исплатени 6 милиони денари за пакетот и по координација со операторите утре ќе се вратиме на работа во одредено време.Сумата не е многу голема, но побаравме да се плати одредена сума за да можеме да продолжиме.„Ова ни е доволно за да работиме редовно во следните две недели и се надеваме дека во тој период ќе имаме средства, односно плаќање од ЈСП, за да можеме да работиме без прекин“, нагласи Зафировски.
Пронајдете не на следниве мрежи:



