Вчера (27 март) во 13 часот и 15 минути во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 47-годишната С.Ѓ., која непосредно пред тоа во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар противправно одзела неколку предмети.
Одземените предмети вратени се во објектот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.