недела, 15 ноември 2026
Најново

Приведени двајца стружани поради предизвикување семејно насилство

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

  Струшката полиција приведе две лица од Струга по претходни пријави за семејно насилство во два одделни случаи, информира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Според него, вчера во 14 часот и 30 минути бил лишен од слобода С.К.(42) од Струга, по пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на негов 46 – годишен братучед од Струга, а оштетил и дел од покуќнината.
Еден час претходно приведен бил и Б.Ш.(49), по претходна пријава дека со работен алат се заканувал на членови на неговото семејство.
– По целосно документирање на двата настани, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.

Поврзани вести