Полициски службеници синоќа во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода З.Д.(33) од село Голема Речица и Ј.А.(60) од село Пирок, Тетовско.
Како што соопшти МВР, по преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023 година, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.
Според пријавеното, З.Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку Ј.А., кој таботел како такси возач. Тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на Ј.А., кој подоцна му ги доставувал нему. Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.
– З.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, најави МВР.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.