Приведени две лица, прегазиле полицаец кој мерел на радар
Министерството за внатрешни работи информираше дека се лишени од слобода се А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 01.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото.
Оливер Спасовски и Венко Филипче, во придружба со директорот на Бирото за јвна безбедност, Сашо Тасевски, беа во посета на повредениот полицаец кој беше прегазен во Скопје, во близина на фабриката ОХИС.