На 18.06.2022 во 18.20 часот на ул.„Саво Тасески“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(63) од Тетово. Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Тетово за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. На 18.06.2022 во 18.20 часот на ул.„Саво Тасески“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Е.(45) од Тетово. Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Тетово за издржување затворска казна за сторени кривични дела по член 383 и член 206 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.