Синовите на Дилавер Бојку Ербен и Бесник уапсени во полициската акција Бегалец . Припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ заедно со полициски службеници од Одделот за потраги, ги пресретнале браќата на регионалниот пат Струга-Дебар на влезот во селото Велешта кои биле вооружени со пиштоли. Тие биле опколени со возилата на полициските службеници и лишени од слобода.
Ербен Бојку се бараше по неколку внатрешни и една меѓународна потерница по наредба на Основниот суд во Струга за убиство, нелегална трговија со оружје и други кривични дела. Тој е осуден на затворска казна од 21 година додека пак неговиот брат Бесник е приведен поради поседување на оружје.
Инаку Дилавер Бојку Леку чии синови беа уапсени на јавноста и беше познат како стопанственик и поранешен осуденик за нелегална проституција во селото Велешта. Тој, во август 2017 година сред бел ден беше убиен на терасата пред својот ресторан Аква Блу во близина на старата автобуска станица во Струга.