Како што информираат од болницата, инцидентот се случил кога роднини на почината 60-годишна пациентка од КОВИД-19 се обиделе да го земат телото на починатата и упатиле закани на докторката.
Еден од приведените бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициска станица со специјални протоколи.
Починатата пацинетка пет дена била на респиратор во ГОБ „8 Септември”. Согласно протоколите починатите пациенти од КОВИД-19 ги подигнува специјална екипа од погребалното претпријатие Бутел опремена со скафандери и друга специјална опрема