недела, 15 ноември 2026
Најново

Приведен возач во Маџари, возел пијан и го нападнал полицаецот што го запрел

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Минатата ноќ возач со 1.65 промили алкохол во крвта бил запрен од полицијата, при што тој физички го нападнал полицаецот.

На 22.02.2026 во 01.20 часот во Скопје, во близина на рампа „Маџари“ полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишија од слобода Т.Б.(28) од с.Јурумлери, скопско кој претходно бил сопрен со патничко возило по што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствие, а исто така му упатувал и закани. По извршено алкотестирање утврдено било дека има 1,64 промили алкохол во крвта, соопштија од МВР.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести