По претрес во неговиот дом, како што соопшти полицијата приведен е дилер на дрога од Тетово. Се работи за 47-годишниот Б.А. во чиј дом и помошни простории биле пронајдени околу 200 грама наркотична дрога-хероин, две дигитални ваги, два мобилни телефона, една импровизирана цевка и 12.400 денари.
МВР информира дека пронајдените предмети се фотодокументирани, со потврда одземени и дадени за вештачење.
Б.А. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка во Основниот суд во Тетово.