Приведен дилер на дрога

По претрес во неговиот дом, како што соопшти полицијата приведен е дилер на дрога од Тетово. Се работи за 47-годишниот Б.А. во чиј дом и помошни простории биле пронајдени околу 200 грама наркотична дрога-хероин, две дигитални ваги, два мобилни телефона, една импровизирана цевка и 12.400 денари.
МВР информира дека пронајдените предмети се фотодокументирани, со потврда одземени и дадени за вештачење.
Б.А. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка во Основниот суд во Тетово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.