Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон




Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Полициските службеници од Полициската станица Галате вчера на 16 мај, во 11:50 часот, го привеле С.С. (35) од гостиварско село Дебреше. Приведувањето следело откако Л.Е. (34) од Гостивар пријавила дека С.С. претходниот ден се однесувал агресивно кон неа, заканувајќи и се со остар предмет, а при тоа и го одзел и мобилниот телефон.

Се работи на расчистување и документирање на случајот при што против С.С. ќе следува соодветен поднесок.
Сподели ја веста:

Извор



Пронајдете не на следниве мрежи: