Приведен кичевец, запалил електричен кабел, по што избувнал пожар

Денеска ( 26.08.2024) во 12.45 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода Р.Х.(27) од Кичево.

Тој се сомничи дека претходно, во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, запалил електричен кабел, по што избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу 10.000 метри квадратни.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.

По целосно документирање на настанот, против Р.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.