На 07.05.2024 година во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишенo од слобода е 28 годишно лице од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.