Приведен маж кој се обидел да го запали станот на сопругата со која се разведува

Денеска (10.03.2024) во 02:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(41) од Неготино.

Приведен е поради постоење основи на сомнение дека околу 01:45 часот опожарил врата од стан каде престојувала неговата 35-годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка.

Претходно му упатувал закани на нејзиниот партнер.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи: