СВР Тетово информира дека вчера (4 април) во 14.15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 30 годишниот гостиварец В.С. затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон неговиот татко.
По целосно документирање и расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата.