Приведен 51-годишен тетовец, со пиштол се заканувал поради паркинг место

Полицијата приведе 51-годишен тетовец кој со пиштол се заканувал поради паркинг место.

„Вчера во 10.00 часот на улица „146″ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(51) од тетовско, затоа што околу 08.50 часот, поради недоразбирање околу паркирање на возила, со пиштол му се заканил на Н.А.(54) од тетовска Мала Речица. При приведувањето, кај А.А. бил пронајден и одземен пиштол кубура“, информираат од МВР.

По приведувањето полицијата извршила претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава” калибар 7.62мм, две рамки за пиштолот и 46 куршуми калибар 7.62мм.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: