По пријава од Центарот за јавно здравје Штип за можно труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спровеле вонреден надзор во сендвичарница во Штип.
Како што соопшти АХВ, пет лица пријавиле симптоми на труење по консумирање сендвичи со пилешки стек.
Земени се примероци од храната и брисеви од работните површини за лабораториско испитување.
Сендвичарницата е привремено затворена додека не се добијат резултатите, со кои ќе се потврди безбедноста на објектот.



