Привремен прекин на настани во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид

Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид привремено ги прекинува активностите поради потребата за исполнување на одредени технички услови и санирање на откриените недостатоци, неопходни за културните установи.

Од Министерството за култура и туризам на Република Македонија-препорачано е пауза во организирањето на настани, со цел реконструкција на хидрантскиот систем, системот за громобранска заштита и системот за откривање на пожар, истакнуваат од Центарот за култура. Точниот период за завршување на овие активности не е прецизиран од страна на Центарот.

Пронајдете не на следниве мрежи: