Привремен режим на сообраќај, автобуската постојка “Југодрво“ е вон употреба

Автобуската постојка “Југодрво“ е вон употреба поради реконструкција на коловозот на булевар “Кочо Рацин“ и воведениот привремен режим на сообраќај, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие  Скопје.
ЈСП информира дека поради градежните зафати, автобуската линија 9 сообраќа по изменета траса во правец од Скопје Север кон Клинички центар, односно, автобусите по Бит-пазар вртат десно по булевар “Гоце Делчев“, лево по булевар “Филип Втори Македонски“ (од кај МНТ), кај Градска болница лево по булевар “11 Октомври“ (Зелен пазар) и десно преку булевар “Кочо Рацин“ продолжуваат по вообичаената траса.
Во правец од Клинички центар кон Скопје север, возилата сообраќаат по својата редовна траса.
– Посочените измени ќе важат сè до обезбедување услови на терен за вообичаен режим на функционирање на јавниот превоз, наведува ЈСП.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.