Привремен сообраќаен режим денес во Скопје

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи денес ќе се воведе привремен сообраќаен режим на дел од улицата “Лазар Личеноски“.
Поради нанесување завршен асфалтен слој на дел од трасата на улица “Лазар Личеновски“, од денес (28.07.2019 година, недела) па до завршувањето на градежните работи, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од улицата од раскрсницата со улица “Самоулова“ и бул. “Гоце Делчев“ до сервисната улица за влез на парккингот кај СРЦ Кале.
Овие градежни активности се реализираат во рамките на проектот за фазната реконструкција на улицата “Лазар Личеновски“. Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот на потег во вкупна должина од 493 метри.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.