Привремен сообраќаен режим на булеварот „Партизански одреди“ поради градежни работи

Поради изведба на градежни работи за реконструкција на коловозот на булеварот „Партизански одреди”, на потегот од булеварот „8.Септември” до мостот „Обединети нации”, од денеска ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот.
Приврeмениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази. Во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот „Партизански одреди”, на потегот од мостот „Обединети нации” до крстосницата со улицата „Лондонска”, во насока на движење кон центарот на градот, но нема да има промена на режимот на движење на автобусите на ЈСП.
– Измената во сообраќајниот режим на овој дел од булеварот ќе важи до завршување на градежните активности за реконструкција на коловозот – информираат од Град Скопје.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.