ПРИГОЖИН Е ЖИВ И ПУТИН ЗНАЕ: Теорија на заговор од Русија за мртов двојник, одмазда и 2 милијарди долари во биткоини

Рускиот политички аналитичар Валери Соловеј тврди дека водачот на Вагнеритите, Евгениј Пригожин е жив, бидејќи, според ова тврдење, неговиот двојник загинал во падот на авионот на платеничкиот бос минатата недела.

Британски Дејли Мејл го пренесува тврдењето на Соловеј дека Пригожин е „жив, здрав и слободен“ и се наоѓа во неименувана земја, иако вчера на гробиштата во Санкт Петербург беше одржан таен погреб за лидерот на „Вагнер“.

ПРИГОЖИН Е ЖИВ И ПУТИН ЗНАЕ: Теорија на заговор од Русија за мртов двојник, одмазда и 2 милијарди долари во биткоини

Според д-р Соловеј, поранешен професор на престижниот московски институт за меѓународни односи (МГИМО), за кој Дејли мејл тврди дека е центар за обука и за руски шпиони и за дипломати, Пригожин ја лажирал својата смрт во авионска несреќа одобрена од Путин и дизајнирана од неговиот Совет за безбедност на Руската Федерација.

Соловеј тврди дека Пригожин сега подготвува одмазда, додека политичкиот аналитичар истовремено ги обвинува руските власти дека лажат за ДНК на вагнерскиот лидер пронајдена на местото на авионската несреќа во регионот Твер.

Според Соловеј, властите во Москва ја објавиле оваа информација во јавноста иако знаеле дека обидот за убиство на Пригожин пропаднал затоа што во авионот наместо него имало доплегенгер, кој тој и претходно го користел.

  • Прво, авионот со кој Пригожин требаше да лета го собори рускиот систем за противвоздушна одбрана. Во авионот немаше експлозија. Беше соборен однадвор – изјави Соловеј, кој со тоа го спротивстави на тврдењето на американските разузнавачки служби дека авионот бил уништен од експлозија во внатрешноста на леталото.

Според Соловеј, оваа тајна операција „беше дизајнирана од Советот за безбедност (на Руската Федерација) и лично одобрена од рускиот претседател (Владимир Путин)“.

  • Самиот Пригожин не бил во авионот. Неговиот двојник полета за него. Патем, Владимир Путин е совршено запознаен со ова. И ако верувате во официјалните изјави на руските власти, тогаш што да ви кажам… – рече Соловеј.

Тој додаде дека на почетокот на следниот месец ќе соопшти во која земја наводно побегнал Пригожин, но демантираше дека лидерот на Вагнеритите е во Африка, каде неговата приватна армија има повеќекратни интереси да дејствува.

Според Соловеј, Пригожин планира да се појави во јавноста до крајот на оваа година и „се подготвува одмазда“.

  • Како остана жив додека умреа блиски луѓе? Тоа е изборот со кој се соочи тој (Пригожин). Не зборувам за моралната страна на тој избор. Не дај Боже некој од нас да се соочи со таков избор. Тој планира да се одмазди затоа што морал да се соочи со таков избор. Планира да им се одмазди на луѓето кои сакаа да го уништат и на луѓето блиски до него – изјави Соловеј.

Тој исто така тврди дека Пригожин има две милијарди долари во биткоини, кои ќе ги искористи за финансирање на овој контранапад.

-Тоа е повеќе од доволно за одмазда. А што се однесува до амбицијата, енергијата и храброста, тој има во изобилство – заклучи Соловеј.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.