Признание од ССКМ пред Комисијата за заштита на конкуренцијата за пазарниот договор.

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) призна дека ја измамиле Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) во врска со состаноците каде четири маркети договарале како да влијаат на цените преку картелско здружување. Во „Прелиминарното известување за утврдена фактичка состојба“ кое беше донесено од Комисијата за одлучување по прекршок при КЗК на седница на 12 март и предадено до Комората, се наведува дека истата не оспорува дека Сузана Јаневска и Сашо Дуковски дале неточни и нецелосни информации на Антимонополската комисија, според извештајот на Самопрашај. Признанието доаѓа откако КЗК на 21 февруари 2025 година достави извештај до Комората, во кој е наведено дека при спроведените контроли на 7 и 11 февруари 2025 година било утврдено дека Јаневска и Дуковски изнеле невистинити информации и се обиделе да ја заблудат КЗК.
The post Признание од ССКМ пред Комисијата за заштита на конкуренцијата за пазарниот договор. appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: