Приказната беше за до избори: Преговарачката рамка нема да се менува, „одложено дејство„ е решение, Мицкоски не бил против Бугари во Устав, вели Муртезани

Министерот за Европски прашања, Орхан Муртезани, верува дека до декември, а може и порано, да се најде решение за уставните измени.

– Јас се надевам дека, можеби и пред овој рок, можно е да имаме потенцијално решение која конечно ќе го деблокира евроинтеграцијата на РСМ, но истовремено имајќи некоја гаранција дека нашиот пат кон ЕУ нема пак да се блокира во текот на преговорите, рече Муртезани во Дејли Клик на ТВ21.

Муртезани кажа дека коалицијата ВРЕДИ останува принципиелна во барањето уставни измени да имаат потенцијално решение во овој 6-месецен период. Според тој, никој во оваа Влада не го оспорува потребата за уставните измени, но се разгледуваат начините како да се заштити процесот понатаму.

Понатаму, Муртезани појасни дека уставните измени со одложени дејство е еден од модалитетите за кои се размислува, а каде мора да бидат во предвид и веќе потпишаните протоколи со Бугарија, кои после станаа дел на заклучоците на Европскиот Совет.

ТВ21: Цело време се кажува, и од амбасадорот Гир, нека нема преговарање на овој документ, а и Бугарија не би прифатил такво нешто. Сега како ќе го постигнете овие модалитети да ги имплементирате, со одложено дејство, или други?

Муртезани: Амбасадорот на ЕУ и на Бугарија кажаа дека не може да се смени преговарачката рамка, и ние овој факт го знаеме, затоа сме го надминале ова како прашање, бидејќи е и став на 27 земји членки на ЕУ, не само на Бугарија.

ТВ21: Но ова со одложено дејство, не ја засега овој документ?

Муртезани: Не подразбира менување на преговарачката рамка. Се разгледуваат модалитети како можеме да се најде решение, без да се загрозува преговарачката рамка, бидејќи за тоа и официјално имаме јасни пораки дека не може да се промени.

ТВ21: Значи цели тие обвинувања што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше, кога не се согласување со Договорот со Бугарија, подразбираме дека Договорот останува, и е само ова со обложено дејство, која сушност не ја менува рамката.

Муртезани: Јас не можам сега да ги коментирам ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, особено во предизборниот период, но тоа што јас можам да го кажам е дека во моментот никој во држава не кажува дека не треба да се случат уставните измени.

Пронајдете не на следниве мрежи: