Приказната за еден православен поп што пее на изумрениот јазик на Исус е толку НЕВЕРОЈАТНА што заслужува Оскар

Схиархимандрит Серафим Бит-Харибо е познат во православниот свет, бидејќи служи литургија на исчезнатиот арамејски јазик или на јазикот на кој зборувал Исус. Неговиот живот пред и по неговото замонашување може да послужи како инспирација за филм.
40 годишниот ѓакон, отец Серафим е Асириец по етничка припадност, и неговиот мајчин јазик е арамејски. Пред да се замонаши, тој практикувал борење, теквондо, и карате. Во животот досега има направено големи нешта, бил четирикратен шампион на Грузија во таеквондо, носител на црн појас трети дан во карате, шеф на обезбедување на еден од членовите на украинската влада, пред се замонаши добил три деца, а по замонашувањето е еден од најпосветените монаси, објави порталот Бастабалкан.
Гледано од почетокот, неговиот живот е се освен обичен, од раното детство и во текот на животот до стекнување на звањето схиархимандрит, тој е вистинската личност за рубриката “Верувале или не”.
Како дете, паднал во мешалица за бетон и едвај преживеал. Последиците биле ужасни, рацете му биле речиси исечени, а дури пет лекари се бореле да го спасат. Две години немал чувство во нозете, се движел само во инвалидска количка, а проодел повторно со помош на патерици.
Кога поминало тоа, повторно го снашла несреќа, го удрил автомобил. Меѓутоа, лошата карма дури и не завршила таму, бидејќи случајно се напил перхндрол, и затоа имал големи проблеми со цревата.
Верувале или не, не е ова крајот на несреќи што се случиле со него, бидејќи по закрепнувањето, Отец Серафим преживеал пад од висина од неколку метри.
Кога неговата жена се разболела во осмиот месец од бременоста, лекарите му рекле дека ќе умре и мора да гледа како да го зачува детето. Беспомошен, решил да најде спасение во молитва, иако самиот признава дека пред тоа, тој не бил верник. Тој оди до гробот на стариот Габриел Ургебадзе и се моли со зборовите:
– Ако е вистината она што го кажуваат за тебе, те молам, молете се пред Бога мојата жена и моето дете да останат живи, и јас ќе оставам сè и ќе станам монах.
Според него, чудо се случило во текот на ноќта. За само неколку часа ситуацијата на жената се променила и таа почнала да закрепнува.

Сепак, тој потоа заборава на заветот и даденото ветување и продолжува со својот живот. Влегува во спортот и станува четворократен шампион на Грузија во Теквондо, добива црн појас втори дан во карате, а подоцна кога станува свештеник, добива трети дан.
Тој станува шеф на обезбедување на украинскиот политичар. Откако живеел во Киев, честопати одел во Јоанински манастир на Света Троица.
Во една прилика, додека седел пред манастирот и пушел цигара, една непозната постара жена дошла кај него и му се обратила со зборовите:
– Благословувај Отец Серафим.
Тој не реагирал на овие зборови мислејќи дека жената е луда.
Сепак, таа го удира со стап по главата и тој паднал, и по кратка дискусија со жената (мајка Ксенија) таа му кажува дека Бог го избрал да биде молитва за својот народ.

Овој настан го потсетил на даденото ветување, и конечно, на 14 март 2006 година, станува монах.
2010 добива голема Шима се подготвува да оди на Света Гора, но од страна на Патријархот Илија е повикуван да остане во Грузија за да стане пастир на Асирците во селото Канда.

Тој го прифаќа повикот на патријархот, одлучен да служи на литургиите на арамејскиот јазик. Со помош на црквата и локалното население, на ова место основал манастир.

Од 2015 година, тоj е Схихаримандит.
Компонира музика и настапува со својот хор, што го прави широко познат.
Слушајте како Отец Серафим Бит-Хариби пее на арамејски јазик:

извор vecer.mk

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.