Безрезервната љубов постои, и тоа не само во бајките. За тоа сведочи приказната во продолжение.
Едно момче и една девојка се заљубиле еден во друг, но нејзините родители не ѝ дозволувале да продолжи да се гледа со него бидејќи тој бил сиромашен.
Тие сепак, со тек на време сфатиле дека тој е добар човек и дека е во ред да се гледа со нивната ќерка. За жал, се појавил еден проблем. Тој бил војник и во моментот кога избила војна, морал да оди надвор од својата земја на една година.
Една недела пред да замине, тој клекнал на колена и ѝ кажал на својата девојка дека ја сака и дека би сакал таа да го чека. Се договориле да направат свадба штом тој се врати.
Но, се случила голема трагедија. Таа доживеала тешка сообраќајна несреќа. Кога се разбудила во болница ги здогледала нејзините родители како плачат покрај неа. Знаела дека нешто не е во ред.
Таа доживеала тешка повреда на мозокот поради што нервите на едната страна на лицето претрпеле оштетување. Лицето ѝ било уништено. Кога се видела во огледало почнала да плаче извикувајќи: „Изгледам како чудовиште“. Мислела дека таква нема повеќе да му се допаѓа на својот вереник, па затоа одлучила да не му се јавува. Тој ѝ пишувал година дена.
По една година мајка ѝ ја известила дека тој се вратил, но девојката ја молела да не му дозволи да ја види. Тогаш мајка ѝ неочекувано ѝ рекла: „Тој се жени!“ Иако не сакала да го види, девојката го сакала со целото свое срце и оваа вест многу ја погодила.
Ја погледнала поканата и се изненадила кога видела дека на неа стои нејзиното име.
Со неверување гледала во поканата кога момчето влегло низ вратата со цвеќе во рацете. Тој клекнал пред неа и ѝ рекол: „Омажи се за мене“. Таа го прекрила лицето со своите раце велејќи му: „Не гледај ме. Сега не сум убава“.
Тој само ѝ рекол: „Мајка ти ми прати твои фотографии. Те сакам.“
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.