Прилепскиот театар привремено затворен поради безбедносни регулативи

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ доби забрана за одржување на настани, манифестации и приредби додека не се отстранат недостатоците на објектот. Оваа забрана ја изрече инспекцијата од Дирекцијата за заштита и спасување, која изврши контрола на објектот на барање на Центарот за култура „Марко Цепенков“, водството на театарот и Министерството за култура и туризам.
На 17 март, баравме од Дирекцијата да се изврши вонреден инспекциски надзор за да се утврдат состојбите во стариот објект на театарот „Војдан Чернодрински“. Веќе на 18 март, добивме барање од Министерството за култура и туризам да се проверат и другите објекти од културното наследство. Дирекцијата изврши надзор на 24 март и утврди 15 неправилности во објектот. Усно не информираа дека имаме забрана за настапи во објектот. Во очекување сме на решението од ДЗС за да преземеме соодветни мерки, изјави Михајло Миленкоски, раководител на Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“.
Откако ќе го добиеме решението од инспекцијата на ДЗС, во соработка со Министерството за култура и туризам ќе видиме дали и како можат да се отстранат недостатоците. Долги години се зборува за изградба на нов театар во Прилеп, во рамките на Центарот за култура „Марко Цепенков“, и постојат одредени проекти за таа цел.
The post Прилепскиот театар привремено затворен поради безбедносни регулативи appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: