Прилепчанка тешко повредена, метален предмет од скеле паднал врз неа

 Врз прилепчанката С.Н.(44), која вчера се движела по улицата „Борка Талески“ во Прилеп, паднал метален предмет од скеле на објект во изградба и се здобила со повреди.

Како што соопшти МВР, таа го пријавила случајот вчера во 17.30 часот во Полициска станица во Прилеп.

Жената била пренесена во Општата болница Прилеп, каде од лекар и се констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата работи на расчистување на случајот.


Пронајдете не на следниве мрежи: