Принцезата Дијана била позната по љубовта кон физичката активност. Обожавала степ аеробик, кардио, возење ролери и прошетки. Освен тоа, утрата ги поминувала во теретана.
Дарен Мекгрејди, готвачот кој со години работел за принцезата Дијана, добро се сеќава што таа најчесто појадувала. По неговите тврдења, таа три пати неделно барала појадок богат со протеини и со малку јаглехидрати.
„Таа сакаше грав, затоа што некој ѝ кажал дека содржи малку јаглехидрати, малку масти и протеини, што е одлично за некој што вежба“, раскажал Мекгрејди.
Иако во нашите краеви гравот не е намирница за појадок, тој е дел од типичниот англиски појадок и се служи со јајца, сланина, колбаси и печурки.
Принцезата Дијана консумирала конзервиран грав. Половина лименка содржи 150 калории, 9 грама протеини и 0 грама масти.